Децата не внесуваат доволно течности
Објавено на 25 јуни, 2015 во 09:33
Децата на возраст од 6 до 19 години не пијат доволно течности. Ова го покажаа резулатите од испитувањето на 4000 испитаници. Резултатите покажале дека половина од испитаниците во истражувањето не пиеле доволно течност.
Децата се поподложни на дехидрација за разлика од возрасните, предупредуваат стручњаците од Харвард.
Момчињата за разлика од девојките внесувале помалку течност. Една четвртина од децата учесници во истражувањето, воопшто не пиеле вода. Стручњаците алармираат дека слабата дехидрација може да предизвика главоболка, иритираност, потешкотии во циркулирање на крвта и намалена телесна и психичка способност.