Краставицата, модриот патлиџан и тиквичките го освежуваат телото подобро од чаша вода
Поради зголеменото потење на телото му е потребно повеќе течност. Водата е напивка која најдобро хидрира, но некои намирници се подобри од водата, затоа што со нивна помош се одржува адекватната рамнотежа на електролитите и го овозможува правилното функционирање на организмот.
Краставица
Содржи висок процент на вода, но и витамин Ц. 100 грама краставици содржат 16 калории, па затоа е одличен избор за летните жештини затоа што освежуваат, даваат потребни хранливи материи и Ви овозможуваат да не ги преминете препорачаните дневни внесувања на калории.
Модриот патлиџан
Патлиџанот содржи токму она што Ви е потребно – многу вода и влакна. Патлиџанот е одличен извор на антиоксиданси кои Ви помагаат во намалувањето на оштетувањето на кожата во текот на излагањето на УВ зрачење.
Тиквички
Тиквичката се состои од дури 95% вода и една е од најдобрите намирници кои се однесуваат на хидрирањето. Тиквичките исто така содржат малку калории, полно диетални влакна и одличен се извор на фолна киселина, витамини А и Ц.