Рузмарин за подобрување на работата на мозокот
Објавено на 25 април, 2018 во 16:40
Рузмаринот ја подобрува функцијата на мозокот, има одлично делување врз памтењето и концентрацијата.
Истражувањата покажале дека со секојдневна консумација на чај од рузмарин памтењето и концентрацијата се зголемуваат за дури 30% во период од 3 месеци.
Консумирањето на чај од рузмарин после обилен оброк помага во опуштањето на мускулите од дигестивниот тракт.
Научниците утврдиле дека чајот од рузмарин е одличен за намалување на подуеноста на стомакот, за ублажување на гасови и грчеви.