Кои утрински трикови ќе ви обезбедат енергија преку целиот ден?
05.04.2021
Станува збор за навики кои ги правиме во утринските часови веднаш по станувањето од кревет. На пример, веднаш по алармот решавате да полежите уште неколку минути бидејќи ви е убаво во постелата. Огромна грешка! Станете веднаш инаку цел ден ќе ја барате постелата.
Некои наутро се тушираат и така го будат организмот. Навистина дејствува, но не се препорачува тоа да ви стане навика. Причина: со честото туширање сапуните и шампоните не ѝ оставаат на кожата да ги задржи оние телесни масти кои ве штитат од бактериите. И наместо бактериите да останат на кожата, ќе влезат во вашето тело и потоа тоа ќе треба да се бори со нив, а секоја борба троши енергија.
Пиете кафе пред 9 часот наутро? Уште една грешка. Од 8 до 9 часот наутро е периодот кога човечкото тело најмногу лачи кортизол, кој е хормонот задолжен за стрес. За време на неговиот пик доколку му додадете и кафе, само ќе го засилите стресот, а стесот ја одзема енергијата.
Вежбање по станување од кревет? Може, но само доколку е лесен тренинг. Доколку се истоштите по станувањето, готово, сте го загубиле денот.
Мите Јаначков