Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

badev spomen soba1

 

Во чест на 100 годишнината од раѓањето  на бардот на македонската изворна песна Никола Бадев Кавадарци синоќа отвори спомен соба.  Поставена е во новиот музеј, а во неа  се презентирани голем број на предмети.  

„Во спомен собата се наоѓаат педесет фотографии (семејни, од настапи, гостувања и патувања), лични предмети (бројаници, часовник, копчиња за манжетни и слично), инструменти (гитара, примче), лични документи, постери, плочи (сребрена и златна, награди и признанија) видео ленти, касети , камери, фотоапарати, статуи и бисти, народна носија и слично, кои долги години се грижливо чувани и негувани од страна на неговите ќерки Роска и Сузана Бадеви и се донација на Музеј галеријата и нашиот град за што искрено  им благодариме, рече директорката на музеј галерија Весна Ѓорѓиева. Таа се заблагодари  до сите кои дале придонес за отворањето на спомен собата, за која нагласи дека е огледало на неговата душа.    

Ѓорѓиева нагласи дека Бадев беше амбасадор на македонската песна,  исклучителна личност, интерпретатор кој високо ја крена и ја прослави македонската народна песна и со тоа остави неизбришливи траги во македонското културно наследство.

 

badev2

„ Ја обиколи земјата и светот многу пати, беше вистински народен пејач, национално име,  имаше сила да возбуди и расплаче со интерпретацијата на македонските песни, вистински мали химни од мерак, љубов, елегија и носталгија“ рече  Ѓорѓиева.

      Песната е мојот живот, живеам за неа и преку неа, се зборовите на Бадев. Иако од 1976 година физички веќе не е меѓу нас, Никола Бадев живее преку песната, живее во сеќавањата на неговите современици, живее во срцата на сите љубители на македонската народна песна, беше кажано при отворањето на спомен собата.

Бадев бил роден  на 26  октомври 1918 година во селото Глишиќ -Кавадарци.

 Репертоарот на Никола Бадев е обемен и разновиден. За музичката продукција на Радио Скопје, односно МРТВ има снимено над 200 песни со најразлични содржини и околу 100 грамофонски плочи за дискографските куќи од поранешна СФРЈ, како и во земјите во кои живеат македонски иселеници.

Со својот кадифен глас и со исклучителен сензибилитет Бадев ги испеал најлирските македонски песни, пеел за копнежот на вљубените, за војводи и народни херои.

Починал  во Скопје на 58 годишна возраст./A.Д

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има
потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/04/2019 година.