Јанчев: На Кавадарци му треба лидер за новата ера
Објавено на 26 септември, 2017 во 13:07
„Иднината на убаво Кавадарци е во наши раце“ им порача меѓу другото на кавадарчани на прес конференција кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев. Тој воедно ги повика своите сограѓани на предизборен митинг кој ќе се одржи утре со почеток во 20.30 часот на градскиот плоштад во Кавадарци.
„На Кавадарци му треба лидер кој ќе знае да ги води граѓаните кон нова ера. На Кавадарци му требаме заедно сплотени во едно. Разлики не постојат. Сите сме заедно, без разлика на возраста, верата и политичката припадност. Моите очекувања за Кавадарци се огромни, но во тоа ќе успеам доколку ја добијам вашата подршка и доверба“ рече Јанчев./A.Д