Китев:Во недела да гласаме за промени и живот за сите во Кавадарци!
Кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата за Кавадарци, Бетиане Китев на завршната прес конференција за усепашна ја оцени предизборната кампања и ги повика своите сограѓани во недела да му ја дадат подршката за реализација на неговата програма која ќе го направелела Кавадарци поубаво место за живеење.
„Во текот на изминатите денови активна предизборна кампања успеавме да стигнеме до многу домови. Ја презентиравме нашата програма и ги упативме нашите пораки, дадовме ветувања и гаранции дека нашата програма е онаа која што од Кавадарци ќе направи поубаво место за живеење. Ве повикувам во недела да го искористите вашето гласачко право непококлебливо, заедно, масовно на 15 октомври да го заокружиме редниот број 19, да овозможиме промени на локалната власт во Кавадарци кои ќе значат подобар живот за сите во Кавадарци“ порача Китев./А.Д