Семафорите во центарот на Кавадарци повторно во функција
Сообраќајот во центарот на Кавадарци повторно го регулираат семафори. Тие се ставени во функција деновиве откако претходно беа искршени.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев информира дека се работи за стар модел на семафори и тешко можеа да се обезбедат резервни делови за сервисирање на истите.
„Благодарение на ентузијазмот на концесионерот семафорите сега се во функција откако се обезбедија половни делови. Сообраќајот мора да го подобриме и да го поставиме на повисоко ниво. Паралелено работиме повеќе проекти. Покрај зонското паркирање работиме сообраќајна програма заедно со машински факултет и сообраќајниот оддел со што ќе се направи преквалификација односно категоризација на улиците. Потребни се студии за тоа“ рече Јанчев.
Во центарот на Кавадарци и понатаму ќе недостига еден семафор. Трите функционираат и веќе го регулираат сообраќајот, по поради целосно уништување сеуште се бара решение за семафорот до „Фото Фуџи“./А.Д