Екологистите од Кавадарци бараат од општината да донесе локален еколошки акционен план
Еколошкото друштво „Еко живот“ од Кавадарци денеска од новата локална власт побара да донесе локален еколошки акционен план. Екологистите нагласуваат дека тоа е законска обврска на општината, а го нема со години. Еколошкиот план, велат тие, е од големо значење за животната средина.
„Неопходна е исто така Стратегија за намалување на загадувањето бидејќи Кавадарци со години наназад е меѓу најзагадените градови во државата. Таа Стратегија треба да биде изработена од соодветни личности од таа област и да предвиди краткорочни и долгорочни мерки, според кои ќе се влијае врз загадувачките комплекси, за да се намали самото загадување во градот. Зароа предлагаме да се зголеми и да се интензивира нашата соработка со локалната самоуправа, како екологисти ние сме подготвени да помогнеме и мислиме дека во блиска иднина ќе се решат многу работи.“ рече претседателот на „Еко живот“ Роберто Паризов.
Елиминирањето на загадувањето на амбиенталниот воздух во Кавадарци, според него се темели на неколку чекори кои не ги презеде локалната самоуправа во изминатиот период./A.Д