Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

gradinka1

75 дечиња од 3 до 6 години ќе бидат згрижени во новата градинка лоцирана во дворот на Здравствен дом Кавадарци. Денеска беше свечено отворен овој објект кој го носи името „Буба мара“, а во употреба го пуштија министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и директорката на градинката Цанка Добринова.

Отворањето на овој објект е големо значење за кавадарчани, бидејќи листата со чекање за прием во градинка се намалува.

gradink2

Министерката Царовска нагласи дека во рамките на својот буџет обезбеди средства од над 1,4 милиони денари за опремување на просторот.

„ Сите сме свесни дека во европските земји токму предучилишното образование дава подобар старт во основното и во средното образование и попродуктивни граѓани. Токму затоа јас сум среќна што во Кавадарци имаме можност да отвориме објект кој ќе згрижи 75 деца и ќе обезбеди дополнителни вработувања, рече министерката и се заблагодари на градоначалникот и општината за изградениот објект.

gradinka4

Царовска најави дека соработката со општините ќе продолжи и во наредниот перод се со цел да се прошируваат капацитетите за згрижување на децата.

„Сите заедно ќе бидеме сведоци дека ќе ја постигнеме владината цел, а тоа е зголемување на 50 проценти  на опфатот на деца од предучилишно образование. Главната задача која ја имаме наследувајќи еден разнишен систем е да ги зголемиме капацитетите преку изградба и адаптација на објекти. МТСП посветено продолжува да работи на изградба на нови, но  и реконструкција и адаптацијата на веќе постоечки објекти со цел да ги подобри условите за згрижување на деца. Обезбедени се 931 вработување во градинките, а до крајот на годината вкупната инвестиција во изградба, опремување и адаптирање ќе биде 71 милион денари.додаде Царовска.

gradinka3

Градоначалникот Митко Јанчев се осврна на проблемот со кој се соочува општината околу немањето доволен простор за сите деца да бидат згрижени во градинка, но најави дека општината интензивно ќе работи и во наредниот период на решавање на проблемот.

„Од самиот почеток наш приоритет е создавање на услови и дополнителен капацитет за сместување на децата од предшколска возраст. Денешното пуштање во употреба ќе значи почеток на надминување на проблемот, Во исто време се работи и на уште неколку проекти за дополнителен капацитет на сместување на уште 250 деца, што значително ќе го намали проблемот“ рече Јанчев и искажа благодарност до министерството за соработката и напорното заедничко дејствување за да се создадат услови за сместување на децата.

Директорката Цанка Добринова се заблагодари на донаторите кои помогнаа во опремувањето на внатрешноста на градинката.

„Градинката ќе опфати и деца на возраст од три до шест години.Со децата ќе работат три воспитувачки, три негувателки и три лица технички персонал. Објектот ги задоволува потребните услови. Внатрешниот простор опфаќа три занимални и неколку помошни простории“ рече Добринова.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.