Кавадарци се подготвува за гостите на гроздоберот
Како наближува денот кога ќе започнат активностите од годинашнава програма за манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, така Кавадарци се разубавува. Сите активности се насочени кон тоа гостите кои претстојниот викенд ќе дојдат во Кавадарци да поминат пријатни мигови и повторно да се вратат во градот на грозјето и виното.
Општина Кавадарци во соработка со дуќанџиите и поголем дел од фирмите кои имаат деловен простор во БИД зоната на улицата „Илинденска“ реализираше проект за освежување на фасадите на три згради. Според проектот се работеше на крпење и бојадисување на фасадите на три згради кои во пресрет на општинскиот празник 7 Септември и престојниот „Тиквешки гроздобер“ пре кавадарчани гостите од страна ќе блеснат во нов сјај.
Инаку општина Кавадарци со одлука на советото зградите на улицата „Илинденска ги прогласи како објекти од значење за општината, па врз основа на тоа таа и се грижи за нивно зачувување со автентичната архитектура – информираат од прес службата на општина Кавадарци.
Кавадаречката Територијална противпожарна единица исто така е активна на терен, во делот на средувањето на градот Кавадарци. Се фарбаат канделабри и електрични ормари, а се ставаат во функција оштетени сообраќајни знаци.
По подолго време во функција е ставена и големата фонтана на градскиот плоштад. Со тоа трите фонтани на плоштадот работат се функционални.
„На големата фонтана која беше сериозно оштетена, се изведоа неколку зафати за нејзино санирање. Истата беше префарбана со сина боја, беа отстранети искршените подводни светилки, а во функција се ставиа и млазниците кои пумпаат вода во трите деловои од фонтаната.Претходно општината превзеде мерки за оспособување и на двете мали кружни фонтани пред општинската зграда.“ велат од општинската прес служба./А.Д