Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

kavadarci13wwe

Општината, регионалната стопанска комора и екологистите од Кавадарци од вечерва започнуваат со изработка на ЛЕАП – локален еколошки акционен план. Од „Еко живот“ велат дека овој стратешки документ е од голема потреба за општината, бидејќи постоечкиот е стар петнаесетина година и не е ревидиран.

Екологистите веќе подолг период алармираат дека е потребна еколошка стратегија,  за да се знае во која насока ќе се развива општината и како ќе се заштитува животната средина.

„На општина Кавадарци и е потребен ЛЕАП кој што го немаме веќе петнаесетина години. Еднаш беше изработен во  1998 година и не е ревидиран. Во нашата општина се чувствува голема потреба за тој стратешки документ во секојдневните еколошки проблеми. Ние сме подготвени да го изработиме  и во наредните години да биде во сервис на граѓаните и институциите. Самиот документ ќе допринесе за подобрување на состојбата со животна средина во општината. Кавадарци е втора општина по големина и има доста за работа. Ќе ги опфатиме сите сегменти, аерозагадувањето кое е  изразено особено во зимските месеци, квалитетот на водите и почвите, климатските промени“ вели првиот екологист во Кавадарци и апелира граѓаните да се воздржат од горење на опасни материи за затоплување на домовите./A.Д

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.