Генерално чистење на улиците во Кавадарци
После врнежите од снег и остатоците од песок и ризла кои се растураа низ кавадаречките улици, локалната самоуправа од денеска започна голема акција за миење на сите улици и тротоари во градот.
Како што инфомрирмаат од прес службата на општината, акцијата се спроведува преку службата „ Мој општинар “ во кординација со ЈП „ Комуналец “. Вклучени се три тима кои ќе работат со механизација на ЈП Комуналец.
„Во наредните денови ќе ги мијат улиците и тротоарите од остатоците на ризла, како и од наносите на земја и кал на коловозната површина. Во акцијата е вклучен и трактор со приколица и работна рака која ќе ги отстранува поголемите наноси што водата нема да може да ги исчисти.Во акцијата ќе биде вклучена и Противпожарната единица со свои цистерни како и механизација од компанијата Кожувчанка“ информираат од општината.
Акцијата „За чисто Кавадарци“ ќе ги опфати сите улици во градот, а поинтензивно ќе се одвива во деновите кога временските услови дозволуваат ваква активност.
Апелот до граѓаните е своите автомобили да ги паркираат на соодветните места се со цел акцијата да се одвива непречено./А.Д