Малолетници од Кавадарци паднале од мопед движејќи се кон Тиквешко Езеро
Објавено на 5 март, 2019 во 12:26
Двајца малолетници од Кавадарци се повредени откако со мопед излетале од патот. Се движеле кон Тиквешкото Езеро. Возачот на мопедот, седумнаесет годишниот Д.С се здобил со тешки телесни повреди, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
„Вчера во 18.30 часот на патот Кавадарци — село Брушани, поточно место викано „Модри стени“ на Тиквешко езеро Д.С.(17) од Кавадарци управувајќи мопед марка „Гланз 50“ со кавадаречки регистарски ознаки излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, додека со телесни повреди се здобил сопатникот на мопедот В.П.(17) од Кавадарци“ вели Додевски.
На лицата им е укажана лекарска помош во Општа болница Кавадарци. Извршен е увид на местото на настанот./А.Д