Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

pozarna kav naslНеспоредливо подобри услови за работа добија кавадаречките пожарникари откако целосно заврши реконструкцијата на противпожарниот дом.  Општината за реновирање потроши 11 милиони денари.

Денеска градоначалникот Митко Јанчев беше во посета на против пожарната единица, каде можеше да се запознае со новите услови за работа на пожарникарите.

Јанчев најави дека ќе продолжат инвестициите за модернизација на опремата на пожарникарите, но и ќе иницира после претседателските избори да се покачат нивните плати.

pozarna kavadarci1„Пожарникарите секаде во светот се големи херои и ценети луѓе. Јас се надевам дека и во нашата Република Северна Македонија ќе бидат ценети и со поголеми примање и нивните семејства ќе бидат заштитени. Ќе иницирам после претседателските избори покачување на нивните плати,  бидејќи се на минимално ниво“ рече градоначалникот Јанчев.

За само два месеца од 2019 година пожарникарите од Кавадарци имале 109 интервенции, претежно на отворен простор. Се апелира до несовесните граѓани кои палат огнови на отворено и ги оставаат неконтролирано да ги променат овие навики, бидејќи само вчера имае пет такви интервенции.

Командирот на ТПЕ Кавадарци, Александар Чадамов искажа задоволство од новите услови за работа и поголема мотивираност кај пожарникарите за работа, но и апелираше до граѓаните за поголема/А.Д

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново