Обљубена малолетничка во Кавадарци
Објавено на 24 април, 2019 во 15:03
Мајка на малолетна кавадарчанка пријавила дека ја обљубил нејзин малолетен роднина. Информацијата ја потврдија од Секторот за внатрешни работи во Велес.
– На 22-ри овој месец во 21:00 часот во Полициската станица во Кавадарци лицето О.К. пријави дека нејзината малолетна ќерка била обљубена од нивен малолетен роднина од Кавадарци – рече портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Тој додаде дека полицијата превзема мерки за расчистување на случајот./У.Ј