Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

74298082 2543890972501615 9114595534747729920 nTриесетина спортски клубови, невладини организации и училишта денеска на градскиот плоштад ги покажаа своите активности и постигнати резулати. Преку саемот за вон училишни актиности што се одржува шеста година по ред, тие обезбедуваат нови членови.  Организатор на саемот е Советот против малолетничко престапништво на град Кавадарци, а има за цел на учениците да им понуди корисен начин како да го минуваат своето слободно време преку спорт или други активности надвор од училиштето.

„ Саемот ќе го посетат околу 3000 ученици од прво до петто одделение. Тие со своите наставници и родители ќе можат да одберат свое катче и свое место каде ќе можат да го поминат своето слободно време. На индиректен начин да ги ангажираме да имаат помалку време за лошите пороци кои се почесто ги следат младите“ вели инспекторот за превенција во кавадаречката полиција и претседател на Советот против малолетничко претстапништво, Димитар Каракулев.

Каракулев најави дека постои можност во соработка со локалната самоуправа, саемот да биде составен дел на манифестацијата Тиквешки гроздобер, на почетокот на учебната година.

„ Саемот е одлична можност нашите најмлади да учествуваат во некаква активност надвор од училиштето,  а тоа на некој начин да биде добро за нивни психофизички развој. Спортот и активноста ни е многу важна денеска кога компјутерите и телефоните се секојдневие на овие генерации“ вели градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев./А.Д

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново