Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

fondacijaПо повод верскиот празник св.Никола, фондацијата „Никола Јанчев“ денеска на свеченост во компанијата „Кожувчанка“  додели десет стипендии на талентирани студенти од Кавадарци. Девет месеци студентите ќе добиваат по 8.000 денари.

Најголем дел од средствата се од градоначалничката плата на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој несебично ја донира за помош на луѓето на кои им е потребна помош. Свои средства во фондацијата донира и компанијата „Кожувчанка“.

На јавниот повик имаше 45 апликанти со одлични постигнати резултати во своето образование. Предност имаа студенти кои потекнуваат од фамилии со ниски примања, студенти без родители и студенти од социјално ранливи семејства. Висината на поединечниот месечената стипендија изнесува 8000 денари бруто по стипендист. Вкупниот фонд кој ќе се додели по овој повик изнесува од 720.000 денари бруто износ.

2000 евра еднократна стипендија доби млада кавадарчанка која остана без своите родители, а е студент на медицински факултет.

„По трет пат стоиме гордо пред вас и среќни сме што во пресрет на најубавите празници ќе ја споделимерадоста  со нашите 10 стипендисти и овој пат таму каде е најпотребно“ рече директорката на комапнијата „Кожувчанка“, Јанинка Чупаркоска.

Градоначалникот Јанчев  уште со самото кандидирање за градоначалник најави дека неговата плата како градоначалник ќе ја донира во хуманитарни цели.  Тој им честита на стипендистите и им посака успешно школување./А.Д

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново