Анализа: Кавадарци и Росоман отворени за креирање на буџетите со граѓаните
Општините во земјава ги прифаќаат проектите кои ги предлагаат граѓаните е заклучокот од анализата направена од институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк“.
Општина Кавадарци издвоила 171 милион денари за проекти кои дошле како предлог на граѓаните.
„Општина Кавадарци и општина Росоман учествуваа во изминатите три години овие две општини беа отворени да ги креираат буџетите заедно со граѓаните преку т.н јавни дискусии. Ние следевме што општините имаат реализирано од тие проекти. Идентификувавме дека овие две општини се исклучително отворени за граѓаните и за креирање на ваков тип буџети. Општина Кавадарци има издвоено 15% од својот буџет за побараните проекти од граѓаните, меѓутоа исто така од аспект на апсолутен износ Кавадарци има издвоено најмногу издвоени средства, односно 171 милион денари. Во Росоман бил побаран само еден проект и истиот бил одобрен од општината“ – вели Благица Петрески од институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк“.
Таа нагласи дека во урбаните општини учеството на граѓаните во креирањето на буџетите е значајно поголемо за разлика од руралните општини, каде свеста на граѓаните треба да се јакне. Во Кавадарци дел од проектите се однесувале во поголем дел за објекти и услуги, инвестиции во градинки, подобрување на инвестициите во старечки домови./А.Д