50 милиони денари за Кавадарци од програмата за рурален развој (видео)
Објавено на 27 ноември, 2020 во 13:27
27.11.2020
Овозможуваме рамномерен регионален развој, истакна денеска во Кавадарци, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.
Преку програмата за рурален развој, во Кавадарци се одобрени четири проекти од витално значење на населението, вредни 50 милиони денари – информира денеска во Кавадарци, директорот на АФПРЗ Николче Бабовски. Тој нагласи дека денеска биле исплатени субвенциите на градинарите.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев соопшти дека во последна фаза е проектот за развој на јавна инфраструктура во рурални средини./А.Д