Трагедија во Кавадарци: Работник почина по здобиени тешки телесни повреди во фабрика во Кавадарци
Објавено на 2 декември, 2020 во 11:22
02.12.2020
Во текот на вчерашниот ден во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека при извршување на работни задачи во фабрикa во Кавадарци, Д.И.(51) од Кавадарци се здобил со тешки телесни повреди од кои починал. Смртта на работникот ја констатирал доктор од болницата во Кавадарци.
Бил извршен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Верољуб Додевски, портпарол при СВР – Велес.
Мите Јаначков