Основното јавно обвинителство Кавадарци против жител на Дуброво подигна обвинение поради трговија со дрога
17.11.2020
Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд достави Обвинителен акт против 29 годишен жител на село Дуброво, Неготино, поради сторено кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот во домот и помошните простории во местото каде живеел неовластено заради продажба држел 39.533,4 грама наркотична дрога марихуана. Дрогата, која службени лица ја пронашле при претрес извршен на 5 ноември 2020 година, била спакувана во 41 пакување во најлонска фолија, залепени со бела трака и скриени на повеќе места во близина на домот на осомничениот, во помошна просторија – шупа.
Со поднесување на обвинението, а за да се овозможни натамошно непречено одвивање на постапката, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.
Убавка Јаневска