Брзо се вози, полицијата казнува: Изречени 19 прекршоци во Кавадарци и Неготино, вкупно 27 на подрачјето на СВР – Велес
Објавено на 20 јануари, 2021 во 11:03
20.01.2021
Од СВР – Велес информираат дека на ден 19.01.2021 од 9 до 16 часот на подрачјето на СВР – Велес е спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.
– Регистрирани се 27 прекршоци, од кои во Велес осум прекршоци, во Кавадарци 10 прекршоци и во Неготино девет прекршоци. Против возачите ќе бидат поднесени соодветни пријави – додава Верољуб Додевски, портпарол на СВР –Велес.
Мите Јаначков