Десетина производители на праски од Росоман и околината еден час го блокираа патот Градско – Прилеп во знак на револт поради ниските откупни цени на праските и немањето на пласман. Присутните на протестот на патот исфрлија  праски и побараа итно решавање на нивниот проблем.

Десетици земјоделци предводени од лидерот на „Агротиквешија“ Љупчо Аризанов денеска на пладне го блокираа патот Градско – Прилеп кај Росоман. Се решиле да протестираат бидејќи државата била загрозена од туѓи држави – рече Аризанов.

Јазлеста кожа се појави низ стадата со говеда во селото Сирково. Иако се веруваше дека болеста, која првенствено ја пренесуваат инсектите односно комарецот, може да ја има покрај областите со мали води или мочуришта, сепак стигна и во ова росоманско село.

Сообраќајната несреќа се случила синоќа околу 22:20 часот над мостот на реката Црна на патнот Росоман-Кавадарци. Патничкиот автомобил „нисан терано“ со кавадаречки регистерски таблички, управуван од дваесет и две годишниот Росоманец, се превртел на коловозот и возачот се здобил со повреди. Потоа возачот на автомобилот бил префрлен во општата болница Кавадарци.

Tешко е повреден , тракторист од селото Сирково кај Росоман, откако излетал од патот. Трактористот е на возраст од четириесет години а несреќата се случила вчера околу 15 часот и 13 минути кај местото викано „Чернец“. Сообраќајката ја потврди портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска.

Огромни штети викендов претрпеа праската и кајсијата. Ниските утрински температури кои  во изминатите два дена се спуштија и до -4 степени „ги обраа“ предвреме  најосетливите сорти.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново