Левица ќе се залага за еднократно отпишување на долговите за вода на сиромашните граѓани и за изградба на планинарскиот дом на Бреза
Кандидатите за членови во Советот на општина Велес на Листата на Левица, доколку добијат мандат од велешани, ќе предлагаат и ќе бараат новиот состав на велешкиот општински совет да донесе одлука со која еднократно ќе се отпишат долговите на сиромашните граѓани за потрошена вода, за забрана за тужење на граѓаните кои имаат последователно шест не платени сметки за вода, за намалувале на паушалите и хонорарите на партиските членови во Одборите за управување и за надзор како и за вработување на работници со партиски книшки во ЈКП Дервен.
– Велес е една од општините која што има најскапа вода за пиење во Македонија со уште две до три општини и сметаме дека има не фер практика на пречесто тужење на граѓаните, пред се на посиромашните слоеви кои не се во можност да си ги подмируваат тековно своите сметки. Левица во својата програма предвидува еднократно отпишување на долговите, а пумпање на долговите, кои реално се 50 -60 евра за на крај со нотарски, извршителски и адвокатски трошоци се пумпаат до неверојатни илјадници евра. Тоа е прва заштитна мерка за граѓаните. Втората е тоа што предвидуваме воведување на забрана за тужење на граѓаните пред да се соберат шест следователно сметки за вода, за да се релаксира тој однос на континуирано тужење на граѓаните и непотребно предизвикување на трошоци. Третата мерка поврзана со ова претпријатие е намалувале на паушалите и хонорарите на членовите, кои по партиска линија се пикаат во Управниот и надзорниот одбор. Сметаме дека е потребна нивна професионализација и намалување на хонорарите затоа што станува збор за јавен интерес, рече носителот на Листата со кандидати на Левица за составот на Советот на општина Велес.
Тој додаде дека доколку ја добијат поддршката Советниците на Левица ќе се борат против партиските вработувања во јавните претпријатија , дека процесот на вработување ќе биде јавен и транспарентен и кои ќе овозможат со работа да се стекнат најдобрите кандидати без притоа мерило да биде партиската припадност кои се дел од социјалните теми во изборната програма на Левица за претстојните локални избори.
На денешната прва прес конференција, кандидатот за член на Советот на општина Велес на листата на Левица, Игор Смилев го соопшти програмските ветувања од зелениот дел.
– Левица е партија која предвидува најголем број на активности поврзани со екологијата. Ние немаме рокови и термини затоа што екологијата или ја чувствуваш или не ја чувствуваш но не ја ставаш на хартија. И тоа е разликата. Додека десет или петнаесет години се зборува за екологијата Македонија ги живее најцрните еколошки денови. Тука сум за да ставам акцент на еден проблем со кој Левица сериозно ќе се занимава, преку нашите претставници во Советот, а тоа е планината што секојдневно умира пред нашите очи, со извадена душа од страна на сите политички гарнитури поточно планината Бреза и на која се сеќаваме само преку фотографиите од нашитепредци. Бескомпромисно преку нашите членови во Советот на општината ќе се залагаме за реновирање на планинарскиот дом Бреза, санирање на патот и формирање на туристичка населба со кампирање. Тоа е сериозно поврзано со втората еколошка мерка што планираме да ја воведеме или субвенционирање на алтернативниот туризам, планинарски, манастирски и црковен, поради тоа што најблагодарни домашни туристи се планинарите кои оставаат илјадници евра во рамките на организираните планинарски тури.Сметаме дека тоа ќе биде сериозен економски ин кам доколку имаме планинарски дом. Проблемот на Бреза досегашните политички партии кои владееја никогаш не го ставија на маса. Левица никогаш нема да отстапи се додека во наредните четири години Бреза не го добие својот нов лик, рече кандидатот за советник Игор Смилев.
Тој најави дела Левица ќе предложи субвенции за користење на велосипеди како од страна на јавната администрација така и за граѓани на Велес. Тоа ќе се случува во еден по ударен месец во годината кога граѓаните ќе се субвенционираат да си купат велосипед и да се стимулира возењето на велосипед што е поврзано со уште една мерка од изборната програма на Левица поточно субвенционирање за граѓаните што планираат да си купат плински уреди за своите моторни возила или да купат електрични автомобили и автобуси./У.Ј