Реакција на СДСМ: Полицијата храбро ги спречи сите обиди за поткуп и присилно вадење на граѓаните да гласаат со сила!
Наместо вчерашниот ден да го искористат за да ја честитаат победата на СДСМ и да објават дека во иднина ќе бидат конструктивна опозиција, ВМРО ДПМНЕ и Петре Саздов се обидoa да најдат оправдување за падот на нивниот 11 годишен режим. Но, оправдување нема, граѓаните го срушија режимот и на Парламентарните и на овие Локални избори, пишува во писмената реакција на Општинската организацција на СДСМ во Велес.
„Груевски е минато, а неговите послушници на локално ниво се опозиција. Господине Петре Саздов, зошто ја напаѓате полицијата ? Полицијата беше онаа, која храбро ги спречи сите обиди за поткуп и присилно вадење на луѓето за на сила да гласаат. Може не Ви се допаѓа тоа што полицијата не дозволи вадење на луѓето, еден по еден , за уши, како што викаше вашата Гордана Јанкуловска ? Од СДСМ можете само да учите како се управува, без да се злоупотребува ! Од СДСМ можете само да учите како се ценат и сакаат своите сограѓани ! Господине Петре Саздов, Режимот на ВМРО ДПМНЕ е поразен ! Ќе има живот во Велес, но ќе има и одговорност! Никакви празни обвинувања нема да ги спасат криминалците од ВМРО ДПМНЕ!“ напиша СДСМ во писмената реакција.