Повторно прокисна зградата на новиот велешки театар
Обилните дождови што деновиве паднаа во Велес придонесоа повторно да прокапе покривот на новата театарска зграда. Во дел од просториите, внатре, во зградата мириса на мем и на канализација а на дел од ѕидовите има кругови од влага. Влага има и на фасадата. Сето ова остава впечаток дека зградата не е квалитетно изградена, секаде протекува, што не е добро за ваков нов објект, рече директорот на велешки театар Младен Крстевски.
-Јас откако сум директор на театарот ние сме во постојана комуникација со фирмата што го изведувала проектот. Луѓето се крајно коректни, секој пат кога ги повикувам тие доаѓаат и санираат. Најверојатно пропустот е од претходно и не можат да престасаат за се одеднаш да поправат, рече Крстевки.
Според него доколку објектот бил изграден квалитетно тогаш не ќе имало потреба за поправки барем деценија до две. Но бидејќи тоа не било така, сега останува да се отстранува секој покажан дефект. Крстевски очекува квалиетна изведба на поправките за да не би имало прозивки кој е виновен.
– Најдобро е секој да си ја заврши својата работа како што треба и за толку пари за колку што е платено. Гледате дека во последниве неколку месеци театарот секоја вечер е отворен , секоја вечер имаме претстави, а публика како што велат моите колеги, актери, колку ти душа сака. Значи сега само треба ова да се подстегне за да биде уште поубав и побезбеден. Секако публиката е на прво место а ние како град ја имаме наједуцираната театарска публика во Македонија да не речам и пошироко, рече Крстевски.
Инаку велешки театар до крајот на годината ќе прикаже уште две премиерни изведби на претстави на кои во моментов интезивно работи. На 7 декември е првата, комедијата „Вдовицата се мажи“ работена според „Мечка“ на А.П.Чехов во режија на Младен Крстевски. Втората со наслов „Тоалет за дами“ публиката ќе може премиерно да ја проследи помеѓу 20 и 23 декември./У.Ј