Велешките бизнисмени разговараа со директорите на УЈП и на Царината
Олеснување на работењето на фирмите и реформи што ќе овозможат поедноставување на плаќањето на персоналниот данок најави денеска во Велес, директорката на Управата за јавни приходи на РМ Сања Лукаревска. На средбата пред присутните преставници на велешките компании и компании, Лукаревска, ги потенцираше проектите на УЈП за набавка на нав софтвер и програми за олеснување на работењето , воведувањето на автоматски модули за поврат на даноците, кампањата за фискализација , законските измени за прогресивното оданочување, нацрт верија на законот за од кои се очекува поедноставување на процедурите и стимулирање на подобра бизнис клима за домашните и странски инвеститори.
Лукаревска најави поволности и за граѓаните, физички лица, во делот на повратот на даноците во висина од 15 %.
Бизнисмените го отвориле и прашањето за враќање на седиштето на Регионалната канцеларија во Велес.
-Рековме да оставиме времето да покаже, бидејќи во рамки на институцијата УЈП, правиме соодветни измени и на систематизацијата и на организацијата. Имаме разговори, дебати, ќе видиме како ќе се одвива тој процес . Секоја промена за нас е добредојдена, независно дали е организациска или друга развојна програма, рече Лукаревска.
Директор на Царинската управа на РМ, Ѓоко Танасоски, на состанокот на велешкиот Локален економски совет побара од преставниците на компаниите и фирмите враќање на партнерскиот однос со Царината.
-За царинската управа е важно да комуницира со бизнис заедницата. Нам ни е важно да ги слушнеме вашите потреби“- рече Танасоски.
Тој пред бизнисмените зборувал за планираните проекти на институцијата поврзани со намалување на глобите, модернизација на граничниот премин Табановце, воведување на нов софтвер кој ќе доведе до „безхартиено царинење“, изградба на нов граничен премин со Албанија,, воведувањето на one-stop-shop со што ќе се забрзаат административните постапки на царината во интерес на граѓаните.
Градоначалникот Аце Коцевски укажа на значењето на Локалниот економски совет за зајакнување на соработката помеѓу стопанствениците и надлежните институции кои преку своите олеснувања можат да го поттикнат економскиот раст во заедницата./У.Ј