Нови 34 ковид болни и 29 оздравени велешани
Објавено на 30 декември, 2020 во 17:43
30.12.2020
Центарот за јавно здравје Велес регистрира нови 34 заболени сограѓани со коронавирус и со нив вкупниот број, од почетокот на пандемијата до денеска изнесува 2757 лица. Оздравени се 29 велешани или вкупно до сега 2105 лица.
Во велешко има 559 активни на заразното заболување . Од нив 24 се лекуваат на Инфективно одделение во Општа болница Велес, по две лица во приватни клиники, во Инфективна Клиника, Болница Козле во Скопје како и едно на Торако васкуларна клиника во Скопје.
Според информациите на центарот 528 инфицирани граѓани се лекуваат во своите домови.
Стоилко Андреевски