Милошоски преку фејсбук статус соопшти дека пратениците ќе расправаат за Еуростандард банката
Објавено на 20 октомври, 2020 во 08:39
20.10.2020
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на Фејсбук изјави дека по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ наскоро во Собранието ќе се расправа за пропаѓањето на Еуростандард Банка.
„Дали пропаѓањето на “Еуростандард Банка” е македонскиот втор “ТАТ” – кои фирми имале корист од милионски кредити, дали овие фирми биле блиски до фамилијата на власт и колку високи функционери, членови на владата, знаеле предвреме за стечајот на банката?
Наскоро, по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието ќе расправа на оваа тема и ќе се откријат многу сериозни манипулации.“, напиша Милошоски.