Четири улици во Кавадарци со еднонасочен режим
Веќе неколку дена на сила е изменет режим на одвивање на сообраќајот на четири улици во централното градско подрачје во Кавадарци. Од општината објаснуваат дека оваа новина е воведена со цел поголема безбедност на возилата и пешаците и заради поголема пропустна моќ на градските сообраќајници.
Денеска во координирана акција на општината со кавадаречката полиција се делеа едукативни флаери во кои се наведени измените во режимот на сообраќај.
Се запираа возачите кои не го почитуваа знакот за еднонасочна улици и истите беа опоменувани за сторениот прекршок со флаер.
По улицата „Максим Горки“ сообраќајот се одвива во насока од спојот со ул. „Партизанска“ кон спојот со улицата „Илинденска“.
Согласно новиот режим сообраќајот на улицата „Браќа Хаџи Тефови“ се одвива во насока од спојот со улицата „Браќа Џунови“ кон спојот со улицата „Миле В`чков.
На улицата „Браќа Џунови“ на потегот од спојот со улицата „7 ми септември“ до спојот со ул „Браќа Хаџи Тефови“ сообраќајот се одвива во насока од улица „7 ми септември“ кон ул.„Браќа Хаџи Тефови“.
Изменетиот режим на сообраќај на ул. „Ресавска“ се однесува на потегот од спојот со улиците „Тиквешко востание“ до спојот со улицата „Пионерска“. Овде сообраќајот се одвива во насока од ул. „Пионерска“ кон улицата „Тиквешко востание“./A.Д