Ликовен перформанс на познат турски уметник во центарот на Кавадарци
Објавено на 24 август, 2018 во 13:54
Во Паркот на револуцијата,мало паркче спроти зградата на полиција, во Кавадарци попладнево голем ликовен перформанс ќе одржи Орхан Чебраилоглу, еден од најпознатите ликовни уметници во Турција.
– Љубителите на ликовната уметност, попладнево, петок 24 август, со почеток во 18.30 часот, ги очекува вистински ликовен спектакл на големиот ликовен перформер, соопштија организаторите.
Перформансот е во склоп на Меѓународната ликовна колонија “Кавадарци – Михајлово 2018“ во организација на Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци./У.Ј