Ќе се реконструира покривот на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино
Реконструкцијата на објектот ќе се одвива во две фази. Согласно проектот, со првата фаза, која треба да биде завршена до крајот на годината, ќе биде извршена реконструкција на покривната конструкција и на таванскиот дел над кино-салата на објектот. Останатиот дел од покривот ќе биде реконструиран следната 2015 година во рамките на втората фаза.
Парите за реконструкцијата на оваа национална културна институција ги обезбеди Министерството за култура и со овој зафат објектот во Неготино ќе добие простор за непречено одвивање на културните активности во градот.
Претходно, Центарот за култура во Неготино доби и нов дигитален проектор, со што се овозможи реализација на киноприкажувачката дејност во овој град. Набавката беше направена со пари на министерството и Владата./Б.Н.Т