Десетта јубилиејна колонија „Папрадишки мајстори“
Седумнаесетина уметници од неколку земји ќе творат на годинешнава сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“. Нивните привремени ателеја и годинава ќе бидат сместени во спомен куќите на Џинот и Касапови.
„Се трудиме да го рашириме кругот над балканските простори. Затоа повикавме уметници од Словенија ,Хрватска, Србија и Русија, очекуваме да пристигне и еден уметник од Индија,“ рече Ангел Коруновски од Здружението на граѓани „Папрадишки мајстори“.
И годинава сликарско-копаничарската колонија има отворен карактер. Работата на уметниците можат да ја следат граѓаните но и младите автори од Велес.
„Колонијата никогаш не е од затворен туп ,туку има отворен карактер. Многу често ја посетуваат младите уметници кои го учат занаетот ,но доаѓаат и граѓаните“ рече Коруновски.
Годинешното издание на „Папрдаишки мајстори“ е јубилејно, се одржува по десетти пат. Сликари, копаничари, вајари се учесниците на колонијата. Нивните дела, пред јавноста ќе бидат изложени на традиционалната изложба по повод 9-ти ноември денот на одлободувањето на градот.
Сликарско-копаничарската колонија започнува во недела на 24 август. За неа општината издвои 400 илјади денари од буџетот./Д.С