„Не можам ниту во ноќите да дојдам до збор, жена ми зборува и во сонот“ – неделен афоризам на Коки
Објавено на 5 декември, 2022 во 10:15

Прочитајте ги новите шест афоризми на велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки и почетокот на работната седмица започнете го со насмевка. ?
-Она што не се гледа во бракот, се слуша при разводот.
-Мојата млада колешка се покажа како извонреден стручњак по хортикултура, своето момче успеа мошне вешто да го НАСАДИ.
-Тој беше толку импотентен, што не беше во состојба ниту погледот да го дигне.
-Не можам ниту во ноќите да дојдам до збор, жена ми зборува и во сонот.
-Мојата генерација ја немаше привилегијата да биде сексуално воспитувана,ние бевме…САМОУКИ.
-На добриот голман и добрата девојка, не смее ништо да им помине низ нозе.
Афористичар
Никола Бошков – Коки
