Време е за насмевка, шест нови афоризми на Коки

Објавено на 3 јули, 2023 во 10:10

Понеделник е резервиран за нови афоризми од афористичарот Никола Бошков Коки. Тој издвои шест нови афоризми преку кои Ви ја претставува реалноста на животот.

-На повидок се големите летни горештини и летувањата на море, но бидете пристојни и не обидувајте  се да уринирате во морето, доволно е солено.

-Ја запознав на нудистичка плажа, а потем… не можев да ја наоблечам.

-Секогаш кога ќе ја погледнам фотографијата од последната генерациска средба, ме обзема чуден неспокој, се чуствувам мошне вознемирено и тажен сум…од помислата дека се помалку не има.

-Откако се уверија дека енормно зголемените плати  на функционерите обезбедуваат удобен живот, многумина луѓе се обидуваат да влезат во политиката на мала врата, но некои би влегле и низ прозорец,

-Импотентните професори се најголемата гаранција дека оценувањето на убавите студентки ќе биде објективно.

-Луѓе, не ви вреди многу обидот да изучувате и совршено да владеете неколку јазици, жените нема никогаш да ве разберат.

Афористичар

Никола Бошков Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.