Промовирани девет нови наслови од роднокрајниот оддел на велешката библиотека

Објавено на 27 јули, 2023 во 14:25

Девет наслови на книги од роднокрајните автори Атанас Крлевски, Александра Велинова, Ѓорѓи Малковски, Наташа Богоевска Брезовска, Александра Велинова, Сања Стојанова и Васил Тоциновски, денеска беа изложени во медијатеката на градска библиотека „Гоце Делчев“ . Овие наслови се сместени во роднокрајниот оддел којшто бележи децениско постоење, вбројувајќи автори со свои дела, објавени прилози и статии поврзани со градот и авторите. Изложените книги на седумте автори се дел од проектот „Збогатување на Роднокрајниот оддел“ којшто библиотеката го работеше во изминатиот период.

– Библиотеката со поддршка на Министерството за култура го реализираше проектот за набавка на дела од роднокрајни автори. Ни беа доделени 20.400 денари и услов беше насловите да се објават во текот на 2023 година. Од 1 јануари, доденеска, сите средства се потрошени со што го затвораме проектот. На денешниот настан ги изложивме книгите коишто беа дел од проектот и кои ќе останат во нашиот роднокраен оддел, рече директроката на библиотеката Снежана Бошевска.   

Носител на проектот е Гордана Васковска за време рече дека целта на изложбата е промоција на успесите и творештвото на роднокрајните автори.

-Топло ви препорачувам да си ги позајмите и да ги прочитате овие девет наслови коишто се дел од роднокрајниот оддел. На авторите им посакувам многу успеси и уште многу нови наслови во наредната година. Да создаваат нови книги со кои ќе се збогатува роднокрајниот оддел а читателите да ги читаат и да уживаат во истите, додаде Васковска.

За време на настанот извадоци од делата на авторите читаше Марија Бошевска. Покрај неа, свое кратко обраќање имаа и авторите на делата коишто се заблагодарија до библиотеката за можноста да бидат вклучени во проектот којшто им претставува мотив да пишуваат и понатаму.

Присутните имаа можност да уживаат и во настапите на Стефан Ракиџиев под менторство на Илија Настов од ООМУ „Стефан Гајдов“ Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.