Стрип центарот на Македонија – Велес, започна проект за регионално помирување преку „стрип“
Стрип центарот на Македонија со седиште Велес започна со имплементацијата на проектот под наслов „All we are saying is “GIVE RECONCILIATION A CHANCE!” или во превод „Сите велиме, дајте му шанса на помирувањето“. Програмата на проектот е богата и се состои од меѓународен стрип, конкурс за ученици од вклучените земји во проектот на тема „помирување“, изработка на тематски стрип подготвен од професионални стрип автори од Македонија, издавање на каталог во печатена и ПДФ верзија како и циклус на изложби во Рашка-Србија, Приштина-Косово, Сараево – Босна и херцеговина , Никшиќ-Црна Гора како и Македонија – Велес и две села во околината, Оризари и Бузалково. Проектот започнал на први март и ќе трае до 30 јуни оваа година.
– Ние во стрип центарот, а посебно јас лично, сме горди на податокот дека од вкупно 70 поднесени апликации на јавниот повик , од кои 14 од Северна Македонија , влезени сме помеѓу пет усвоени проекти, како единствени од нашата земја. Безвременскиот хит на Џон Ленон „ДАЈТЕ МУ ШАНСА НА МИРОТ“ одѕвонува до денешни дни, за жал, се уште е актуелен . Важен е мирот, но после војна уште поважно е регионалното помирување, почитување на жртвите без оглед на етничката припадност, зачувување на сеќавањата на настраданите, поттикнување на младите да учат, паметат и критички да размислуваат за минатото. Судските факти и за јакнење на гласот на жртвите, прифаќање и откривање на фактите за воените случувања и за злосторствата во локалната заедница, сеќавање на жртвите и така натаму, изјави Томе Трајков –програм координатор на Македонскиот стрип центар.
Проектот ќе биде изведуван преку РЕКОМ – мрежата на помирување и е финансиран од страна на Европска Унија. Буџетот на проектот изнесува 6.756,80 евра. Како партнери на проектот се појавуваат Рашка Школа Цртања – Србија, КРАГИ –АРТ од Приштина – Косово, Училиште за стрип и илустрација Никшик – Црна Гора и ревија БОСОНА, здружение повеќе од стрип, Сараево , Босна и Херцеговина.