Општина Чашка во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка ја реализираше првата форумска сесија од „Форумот на заедници“

Објавено на 27 февруари, 2020 во 13:52

forumcaska1

Во рамки на сесијата учество зедоа претставници на Советот на општина Чашка, претставници на невладиниот сектор, месните заедници, младите и образованието.
Почетокот на првата сесија го означи Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски.

-Ми претставува особена чест и задоволство, во мое лично име како Градоначалник на Општина Чашка да ве поздравам и да го означам почетокот на првата форумска сесија од „Форумот на заедницата”. Организирањето на овој форум е дел од втората компонента на проектот „Зајакнување на општинските совети”, преку кој општината доби грант од 62 000 швајцарски франци во соработка со УНДП и Швајцарската развојна агенција. Форумот на заедницата е една од најкорисните алатки за успешно вклучување на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво и се организира со цел да се дефинираат приоритетите и потребите на граѓаните во повеќе сфери од секојдневното живеење во општината. За таа цел ќе имаат на располагање 50 000 швајцарски франци, додека пак преостанатите 12.000 ќе се искористат за општинскиот совет – изјави Градоначалникот Стојановски.

forum2

Темата на првата форумска сесија беше „Социјална инклузија“, преку која групи на граѓани ќе предложат и утврдат приоритетни проекти од областа на социјалната инклузија во општина Чашка. Учесниците на формуските сесии ќе имаат можност да ги одредат приоритетите за социо-економскиот развој на општината како и активностите што можат да се спроведат за подобрување на состојбата во локалната заедница.
Форумската сесија се одржа во салата на ООУ „Тодор Јанев” во Чашка. /У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.