Двајца велешани продавале празни ЦД наместо со содржини за учење на странски јазици
Триесет годишниот А.В и шест години повозрасниот Д.В од Велес продавале празни ЦД наместо со содржини за учење на странски јазици. Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела дела „измама“, казниво по чл.247 и кривично дело „посебни случаи на фалсификување на исправи“ казниво по чл.378 од Кривичниот законик, добиле кривична пријава од страна на Единицата за внатрешни работи Одделението за криминалистички работи Карпош при СВР Скопје.
-Имено во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници во полициска станица извршиле службен разговор со пријавените, при што било констатирано дека двајцата, претставувајќи се во име на правно лице – училиште за странски јазици од Скопје, преку онлајн продажба нуделе и продавале материјали (ЦД-а) за учење на странски јазици кои биле празни, односно без содржина, при што оштетиле поголем број на граѓани, стекнувајќи се со противправна имотна корист.
Дума.мк