Двојно помлад велешанец нападна 80 годишен сограѓанин
Во Полициска станица Велес, осумдесет годишниот Т.Ј од Велес пријавил дека на 29 август, околу 08:45 часот, по претходно случена сообраќајна незгода кај семафорите, бил физички нападнат од возачот од автомобилот, четириесет и две годишниот Ѓ.Ч. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така, од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека во текот на вчерашниот ден за време на шест часовна акциска контрола биле санкционирани 67 возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.
-Во Велес се казнети 27 возачи и во Кавадарци и Неготино по 20. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
За непочитување на Уредбата за носење на лична заштита, казнети се осум лица на подрачјето на СВР Велес. Од нив тројца од Велес и пет од Неготино, против нив се поднесени соодвети поднесоци.
Стефани Манева