(фото) Дождот ја прекина третата вечер на ИФФ 2023
Објавено на 8 јули, 2023 во 13:03

Третата фестивалска вечер повторно го наполни амфитеатарот во Младински парк. Велешани, млади и повозрасни, сите заедно ракоплескаа и ја подржуваа секоја фолклорна група којашто застана на бината и ја претстави својата традиција.
За жал, лошите временски услови и силниот дожд ја прекина оваа фестивалска вечер, негде пред самиот крај.

Затоа, вечерва, дојдете на последната фестивалска вечер и уживајте во играта и песните како на ансамблите од Македонија така и од Босна и Херцеговина, Хрватска, Словачка, Северен Кипар и Мексико.

Свеченото затворање на фестивалот ќе се одржи вечерва, во амфитеатарот на Младински парк со почеток во 20:00 часот.
Стефани Манева
фото галерија:




