(фото и видео) Модните дизајнери од проектот „Клуч за сопствен бизнис“ цртаа модни креации со македонски везови и традиционални орнаменти

Традиционалните македонски везови и орнаменти вклопени во модни креации беа предизвик за средношколците учесници на денешната, четврта обука за моден дизајн, на проектот „Клуч за сопствен бизнис“ на Фондација „Фокус“. Осумнаесет ученици од четирите средни училишта во Велес цртаа креации под надзор на обучувачката м-р Соња Пљакова. Ова е втората група од вкупно 36 средношколци кои учествуваат во проектот. Обучувачката преку едукација ги мотивираше учениците коешто понуди можност за анализа на најнови креации на модни дизајнери на кои што би можеле да се искомбинира традиционален вез или орнамент.
Средношколците беа упорни на што по креативен начин да ја прикажат својата креација.
Цртежите со модните креации, ќе послужат во практичниот дел од реализацијата на проектот „Клуч за сопствен бизнис“. Од нив ќе се изберат 10 модни креации што средношколците ќе ги кројат а потоа и шијат за да ги прикажат на завршницата на преоктот кога ќе биде организирана Модна ревија.Таа ќе се одржи вгодина, во месец февруари.

Проектот „Клуч за сопствен бизнис“ на Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот кофинансиран е и од Општина Велес.
Стефани Манева
фото:





