Скопјанката Василка С и четиригодишниот син загинаа во синоќешната сообраќајка на автопатот кај Градско
Трисет и четири годишната Василка С. од Скопје и нејзиниот четиригодишен син загинаа додека сопругот триесет и три годишниот Г.С се здоби со лесни телесни повреди во вчерашната сообраќајна несреќа што се случи петнаесетина минути пред деветнаесет часот на автопатот Неготино – Велес, во близина на патарината Градско. Тие патувале во возилото „мазда 3“ со скопски регистерски ознаки управувано од Г.С. кога удрил во застанато товарно возило на Македонски пошти со скопски регистерски ознаки управувано од скопјанецот В.К. кое предходно удрило во застанато товарно возило марка „мерцедес Кесон“ со скопски регистерски ознаки управувано од С.М.
„Увид на лице место изврши јавен обвинител од Основно јавно обвинителство од Велес и увидна екипа на Секторот за внатрешни работи во Велес. По наредба на јавен обвинител телата на загинатите се предадени на семејството,“ рече портпаролката на СВР Велес Анита Стојковска.
Сообраќајот на овој дел од автопатот беше во прекин до 23.30 час кога возилата се пренасочуваа по стариот пат за Велес, преку населбата Градско./У.Ј.