Двајца повредени македонски граѓани во сообраќајка на автопатот Велес – Неготино
Објавено на 13 јули, 2015 во 14:18
Тие се возеле во автомобилот со македонски регистерски таблички кој настрада во судар со автомобил со турски регистерски ознаки. Несреќата се случила денеска околу 15 часот на автопатот Велес – Неготино на делницата веднаш по наплатната станица кај Градско.
„Повредените се транспортираат кон болницата во Велес. Кон местото каде се случила сообраќајната несреќа тргна увидна екипа на СВР Велес,“ рече портпаролката Анита Стојковска./У.Ј