IN MEMORIAM: Почина уште една спортска велешка легенда

Објавено на 17 јули, 2023 во 14:08

На седумдесет и две годишна возраст почина велешката спортска легенда Ристо Велковски. Тој во младоста како врвен ракометар ги бранеше боите на неговиот роден град и Македонија.

Велковски беше активен спортист, врвен ракометар и ракометен тренер, познат и признат меѓу спортските друштва и во поранешна Југославија. Тој, и во пензионерките денови беше активен член на раководството на Здружението на спортски ветерани на Велес.

Погребот ќе се одржи во среда, на 19 јули, во 11:00 часот во црква „Св, Пантелејмон“ во Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.