Кавадарчанец се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа кај Катланово
Објавено на 2 март, 2016 во 13:31
Педесет годишниот З.С. од Кавадарци се уште се бори за живот на Карил, откако вчера се здобил со тешки телесни повреди во собраќајната несреќа што се случи на автопатот Скопје – Велес пред Катланово.
До несреќата дошло кога патничкиот автомобил марка „мерцедес“ со велешки регистраски таблички, излетал од патот. Без повреди поминал возачот на автомобилот, педесет и пет годишниот С.М. но со тешки телесни повреди се здобил З.С и се наоѓа во животна опасност./Д.С