Дрекслмајер задоволен од првата година работа во Македонија
Менаџерите на германската компанија Дрекслмаер во Кавадарци искажаa заадоволство од работењето во првата година во Македонија и од постигнатите резултати . На прес конференција беше речено дека во моментов се најголемата фабрика во државата која вработува 4400 лица.
Компaнијата одлучила да инвестира во Македонија поради добрата локација и логистика, економскиот потенцијал и квалитетот на работната сила како еден од најважните фактори кои биле пресудни да ја донесат конечната одлука и да започнат да инвестират.
„Дрекслмаер групацијата во најкратко време изгради ултрамодерно седиште, чија што површина на зградата изнесува повеќе од 50 илјади квадратни метри. Исто така брзо како и напредокот во изградбата се искачуваше и бројот на вработени, кој моментално достигна бројка од 4400 вработени. Дрекслмаер е одговорен инвеститор и силен партнер на Република Македонија“ рече Роланд Полте, извршен директор на одделот за човечки ресурси во комапнијата.
Годинава, планот за вработување, комапнијата ќе го заокружела со максимални 4800 луѓе. Се исплаќале 20% повисоки плати од законски најниската плата во Македонија . Покрај плата на работниците им се нуделе и надоместоци за сменско работење, исплата на прекувремена работа, ноќна работа како и работа во недела и празници, а за вработените имале и медицинска грижа.
“Деветнаесет лица ги загубија работните места бидејќи не се придржуваа до договорите за работа. Тие нема да се вратат на своите работни места. Нанесена е голема финансиска штета на претпријатието од нив. Штрајкот беше нелегитимен. Како што навреме ги исплаќаме платите така треба да се почитуват и договорите за работа. Ние не сме дојдени да ги претставуваме германските плати“ рекоа менаџерите одговарајќи на новинарско прашање колкав е бројот на отпуштени работници поради штрајкот кој неодамна се случу во фабриката кога вработените си ги бараа велигденските дневници. Беше нагласено дека проблемите со таа празнична дневница биле надминати./А.Д