ЛЦД телевизори поставени во болничките соби на интерно одделение во кавадаречката болница
Десет лцд телевизори доби интерно одделение при Општа Болница Кавадарци кои се поставени во болничките соби, со цел да им се поедностави претстојот во болница на пациентите.
ТВ приемнивите се донација од локалната самоупава, а градоначлникот Александар Панов најави и дополнителна помош за болницата, во зависност од приоритетите кои ќе ги издвои раководството.
„И досега сме имале огромна помош од градоначалникот и советот на општината. Несомнено истата продолжува и понатаму“ рече директорот на Општа болница д-р Орце Ангеловски специјалист по патологија.
„Интерното е дефинитивно нај искористеното одделение во општа болница. Одделението преку целата година е речиси полно, овие лцд телевизори и тоа како ќе им го олеснат престојот при лекување“ рече д-р Еленчо Ридов, интернист-кардиолог.
Пратеничката од Кавадарци д-р Весна Пемова најави дека ќе ја продолжела нејзината заложба болницата и во наредниот период да се осовременувала и да ги користи бенефициите од државата./A.Д