Повредено момче на работно место во ИГМ во Кавадарци
Објавено на 5 јуни, 2014 во 13:55
Со тешки повреди на рацете утринава се здобил Х.С (21) година од селото Манастирец. Несреќата се случила на работното место додека тој ја опслужувал машината во ИГМ трејд во Кавадарци. Случајот го потврди и портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.
Екипа на медицинската помош веднаш пристигнала во фабриката. Повредениот бил пренесен на хируршкото одделение во кавадаречката болница, од каде е пренесен на скопските клиники поради сериозните повреди и обилно крварење.
Несреќниот случај во полиција бил пријавен од медицинските лица.
Дознаваме дека во фабриката увид извршила полициска екипа и трудов инспектор./А.Д